Документарниот игран филм „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски и ќе има светска премиера на 23 мај во Белград, Србија, на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, Beldocs – Меđunarodni festival dokumentarnog filma.
Продуцент на филмот е Илија Тирицовски заедно со Пеце Талески од ОХО Продукција. Директор на фотографија Кирил Шентевски, а монтажер Горан Вуќиќ.
„Градина“ е филм за последните урбани герилa градинари во Скопје и е поддржан од Агенцијата за филм.
Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. „Ова е емотивен филм за длабочината на она што ни претстои и значењето што можеме да го извлечеме од нашата врска со земјата и едни со други додека старееме.“ – велат од Белдокс.
Трејлер е достапен на vimeo.com.