НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска на 30-ти април во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.
Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – се вели во описот на претставата.
Режисерката Поплавска е автор на сценографијата и костимографијата а познатиот рок музичар Ристо Вртев од „Архангел“ беше задолжен за музиката. Играат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.С.Македонија