Со шпанскиот филм „Крави“ синоќа во Битола се отвори Неделата на шпански филм. На свеченото отворање присуствуваше и се обрати Н.Е. Ана Грација – Гајего, заменик амбасадор на Кралството Шпанија.
„Има многу работи што не поврзуваат, и за нас во амбасадата е многу значајно што освен во Скопје и во Битола се прикажуваат шпански филмови во рамки на Неделата на шпански филм“. – потенцираше Грација – Гајего.

„Долгогодишната соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во реализација на филмскиот циклус за нас претставува голема чест, но и задоволство бидејќи нашата филмска програма ја збогатуваме со филмски наслови од ризницата на шпанската кинематографија, која несомнено продуцира исклучителни филмски дела. – истакна Менче Хаџи Коста Милевска од Центар за култура – Битола.

До вторникк (30-ти април) Ве очекува едно неодоливо патување, во светот на шпанскиот филм, преку богата селекција на филмови кои ќе бидат прикажани на оваа ревија. Освен овој епски филм на отворањето, публиката ќе има прилика да ужива и во уште 6 неверојатни филмски остварувања а влезот сите проекции е бесплатен.



Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски