Работилница за едукација на млади новинари од областа на драмската дејност

Умно.мк – интернет-порталот посветен на образованието, науката и уметноста организира работилница за средношколците и младите од Прилеп, кои би сакале да научат повеќе за тајните на новинарската професија, учејќи преку следење на претстојното 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Учесниците ќе имаат можност да научат како се пишува вест, како се прави интервју или извештај од тркалезна маса.

Работилницата ќе трае 4 дена (9 до 13 јуни), ќа ја предводат Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска, новинарки и ко-основачки на Умно.мк. Работилницата се реализира во соработка со фестивалот, а ја поддржува Министерството за култура.

Можете да се пријавите на следниот линк: https://bit.ly/4bsyNhN