„Црвена јабука“ со концерт во Битола

Еден од најголемите рок состави на Југославија, култнатата „Црвена јабука“ ќе одржи концерт во Битола. На 11-ти мај во Центарот за култура – Битола тие ќе ги изведат бројните хитови од четири децениската кариера и последниот албум „Нека нова јутра“.

„Туго несречо“, „Некако с прољеча“, „Бјежи кишо с прозора“, „Шампански пољубац“, „Туга ти ја“ а Жера за македонската публика ќе отпее и неколку македонски како „Ако умрам ил загинам“ чија преработка се најде на последниот албум.

Влезници преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и Билетарата во ,,Центар за култура’’ – Битола.