НУ Камерен Оркестар на Битола со гордост го најавува својот прв концерт оваа година како национална установа – „Барокна фантазија“. Овој концерт ќе се одржи на 26-ти март во КИЦ – Офицерски Дом во Битола, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
На програмата се дела Хендел, Вивалди и Бах а присутните ќе бидат дел од волшебната музика на барокот. Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан Цветковски (виолончело), кои се и првите вработени во оркестарот, ќе го збогатат концертот со својата соло изведба, а како гостин на концертот ќе настапи сопранот Биљана Јосифов. Барокна Фантазија е патување кое ќе ги оживее најубавите моменти од барокниот период, и ќе ги спои историјата, културата и уметноста преку моќта на музиката.
Ова е само почетокот на патувањето на НУ Камерен Оркестар на Битола, кое ветува богатство на музички настани во годината што доаѓа.