Victoria од евровизиските победници Måneskin ќе настапи во Скопје

Victoria од Måneskin пристигнува со спектакуларен DJ Set во Скопје. Официјалната промо забава на Д Фестивал се отвара со басистката од супер популарниот бенд на новата генерација, Måneskin.

Со групата Måneskin го освоија срцето на публиката и станаа светска сензација освојувајќи ја Евровизија во 2021 година со песната ,,Zitti E Buoni“. Таа во рамки на нејзината прва соло турнеја гостува во Скопје.

Подобро дојдете на мојата прва турнеја како диџеј. Навистина сакам да внесам врева и добро да се забавувам. Обезбедете ги вашите влезници и подгответе се да скокнете на вашиот пат кон рајот. Се гледаме, ве сакам !