Марија Шерифовиќ со голем концерт во Скопје

Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ минатата година го промовираше својот нов албум „Долази љубав“ по кој најави голема турнеја под истото име.

По 6 години од последниот концерт во земјава и неколку клубски настапи, таа на 22-ри ноември ќе одржи концерт во Арената „Борис Трајковски“.

Во рамки на турнејата која почна на Нова година следуваат 20-тина концерти низ регионот и Европа.

Влезниците се веќе во продажба преку kupikarta.com