Легендарната српска актерка Светлана Бојковиќ на 8-ми април ќе гостува во Скопје со претставата „Цело тело ту ме боли” на сцената на НОБ.
Комедијата „Цело тело ту ме боли”, си поигрува со актуелните, современи болести на општеството, комбинирајќи ги со проблемите на сите времиња кои го следат односот меѓу доминантна мајка и син единец; врска која се движи од жестоки конфликти до крајно интимни односи во кои доминира малограѓанството на мајката и разгалувањето на синот.
Делото е создадено врз основа на мотивите од „Лекција” на Ежен Јонеско, и раскажува апсурдна приказна за нашето време, кое, на многу начини, може да се нарече – време на апсурдот. Улогите ги толкуваат: Светлана Бојковиќ, Радован Вујовиќ и Андријана Оливериќ а претставата е по текст и режија на Никола Пејаковиќ.
Билетите можете да ги набавите онлајн на на karti.com.mk.