Делува скоро неверојатно, а апсолутно поразително фактот што еден од свирачки најјаките рок бендови кои оваа плодна балканска почва ги изнародила и изнедрила, Ју група, групата со неколку големи албуми и многу хитови, верувале или не, немале свој концерт во Скопје од 1974-та година!
Браќата Јелиќ ова лично ни го соопштија со многу сета и збунетост, во backstage на нивниот распродаден концерт на Ташмајдан во Белград, пред две ипол години. Се разбира, таму пред сведоци ветивме дека тоа ќе се поправи во прва прилика. Па така, 1ви март, Македонска филхармонија и конечно Ју група во Скопје! – велат од Авалон.
,,Морнар”, која е сигурнo во топ 10 екс-ју хитови, ,,Чудна шума”, ,,Под златна јабука”, ,,Дунавом шибају ветрови”, ,,Нешто си ми уморна и бледа”, ,,Одлазим”, ,,Опасно, опасно те волим”, ,,Црни лептир” се дел од двочасовниот реперотар на класиците на Ју група кои ќе бидат свирени во Скопје.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (24-ти јануари) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и 2.000 денари – ВИП.
Изминативе години навистина многу од вас бараа концерт на Ју група во Скопје, поготово после нивниот коцерт на Ташмајдан во Белград… па очекуваме брзо распродавање на концертот во Македонска филхармонија. – порачуваат од Авалон.