Во Центарот за култура – Битола се одржа промоција на монографија и изложба по повод 40 години богато творештво на ликовниот уметник Драган Најденовски, кој зад себе има богата биографија во областа на уметноста, како и преку 3000 ликовни дела.
Делата на Драган Најденовски претставуваат искрено видување на природата изразено низ интелктуални и сликарски капацитети. Неговиот предел е богат и моќен одраз на авторовата кративна моќ, со допирот на бојата да ја обликува сопствената магија. Со преобразба и трансформација, со ликовни решенија низ играта на бои , пределот добива душа.
Бдахнатата уметникова искра на испирација авторот ја разграничи во два циклуси поврзани со шепотот на музите, заштитнички на музиката , поезијата, љубовта , историјата, херојството, астрономијата, традицијата, комедијата и воопшто уметноста.
Најденовски своите дела ги распределил во два циклуси: „ Од ливадата на музите“ (каде се опфатени пределите) и „Од градината на музите“ (каде припаѓа мртвата природа)
Навистина е голема чест што Центарот за култура од Битола се запишува како издавач на монографија во која е собран еден фасцинантен уметнички опус, на еден сериозно голем уметник во нашата земја , кој креира симболично и модерно ликовно творештво, реално и апстрактно кое изобилува со поетски лиризам, естетизам и претставува една модерна галаксија која сјае со посебни нијанси и колорит. – истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центар за култура.





