Џибони после долго време со голем концерт во Скопје

Авалон продукција го најави својот прв голем проект за 2024-та година! Првиот голем… и веднаш, регионално најголем: Џибони со својот извонреден бенд, хитовски репертоар и пред се’ фуриозна свирка доаѓа во СЦ Јане Сандански на 17-ти февруари! Концертот слободно може да се нарече ексклузивен, па дури и интимен бидејќи Џибо доаѓа во сала како „Јане Сандански“ после двe распродадени арени во Загреб и две распродадени ,,Штарк” арени во Белград, каде го видоа скоро 80.000 посетители!

Влезниците во ограничен број ќе бидат во продажба од среда (27-ми декември) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории: Партер – 990 ден., Фан пит (ограничен број) – 1.500 ден, Silver seat – 1.200 ден., Golden seat – 1.500 ден. и ВИП – 2.000 ден.

Онако од ока, за цела Македонија – Џибони во Јане Сандански на 17-ти февруари!