Отворена завршната изложба на проектот Фотоколонија Пелагонија

Синоќа во Фоајето на НУ Центар за култура – Битола свечено беше отворена завршната изложба на проектот Фотоколонија Пелагонија.

Церемонијата на отварањето започна со обраќање на координаторот на проектот Диоген Хаџи-Коста Милевски кој ги запозна присутните со фазите на реализација на проектот и воедно им врачи благодарници на партнерите во проектот.

Градоначалникот на Општина Битола во своето обраќање истакна дека ваквите проекти се од големо значење за развојот и негувањето на фотографската традиција по која Битола е прочуена на Балканот но и во светот и дека проектот ќе придонесе за промоција на недвижното културно наследство на Битола. Исто така тој им врачи дипломи на дел од фотографите кои беа дел од проектот и чии фотографии се дел од завршната изложба.

🔷Во рамките на церемонијата на отварањето на присутните им се обрати и директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски која истакна дека Центарот за култура е институција која широко ги отвара вратите за сите проекти насочени кон промоција на младите фотографи и дека уметноста е најголемиот амбасадор на нашиот град.

Таа истакна дека преку ваквите проекти се создава идната генерација на творци и двигатели на културата кои ќе не наследат нас а со своите дела ќе одат и чекор напред.

Присутните гости има можност да видат 25 фотографии на објектите од културно значење за Пелагонискиот регион кои ги направија 18 фотографи учесници на проектот. Овие фотогафии во еден дел се резултат на искуството кое фотографите го стекнаа преку работата со менторите проф. Роберт Јанкулоски и Далибор Митковски .

Главен финансиер на проектот е Министерство за култура проектот е поддржан и од Општина Битола, Центар за култура Битола и BV Business Group.