Македонскиот естраден менаџер и промотер, Кристијан Стефановски од Прагма продукција беше дел од организацијата на гостувањето на светскиот модел Наоми Кембл во Јахорина, БиХ.
Имено, Кембл со свој диџеј сет вчера ја отвори скијачката сезона во овој ски-центар во Босна и Херцеговина. Нејзиниот настап предизвика неверојатен интерес и стана вирален на социјалните мрежи уште од моментот на објавувањето.
Стефановски беше со Кембл од нејзинито пристигнување на аеродромот и во ски-центарот а ја придружуваше на сите активности пред и по нејзиниот настап.
Toj во 2008 година ја формираше „План Б“ продукција а во изминатите години е активен со Прагма продукција со која организираше концерти на Енрике Иглесијас во Братислава, Прага, Краков и Копенхаген. На Рита Ора и Џејсон Деруло во Охрид, Емели Санде и Пласидо Доминго во Скопје, Рики Мартин во Прага, Будимпешта и во Полска. На Малума во Тирана, Осло и Љубљана. А десетици концерти годишно организираат и на најголемите балкански и македонски музички ѕвезди.