Вчера, 27 ноември, Владо Јаневски ќе наполнеше 66 години, а токму на денот кога ќе го прославеше својот роденден, Слаткаристика објави нивна дуетска песна снимена пред прераното заминување на Владо.
Музиката на „Само да те имам“ е дело на Лазар Цветковски и Слаткаристика, додека текстот го потпишува само Слаткар. За продукцијата, миксот и мастерингот е задолжен Лазар Цветковски. Во улогата на Владо е Антонио Ташковски, актер од Театар Комедија.
Песната е создадена пред неколку години а како што кажа Слаткар се чувала незавршена.
„Ветувам дека ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден“, напиша Слаткар непосредно по смртта на Јаневски