„Алдумаш“ – новата песна на Јоксимовиќ ја напиша Балашевиќ

Поп-ѕвездата Жељко Јоксимовиќ во пресрет на големите концерти во Загреб, промовираше нов сингл под насловот „Алдумаш“.

Музиката и аранжманот се на Јоксимовиќ, а текстот го потпишува Беба Балашевиќ, ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ.

„Нашата нова песна излегува. Намерно не велам ’моја‘ песна, бидејќи Алдумаш ѝ припаѓа на Беба исто толку колку што ми припаѓа и мене. Таа им вдахна живот на нотите, пишувајќи неверојатен текст. Ни јас не знаев што значи Алдумаш, но сега дознав“, напиша Јоксимовиќ.

Алдумаш е збор кој потекнува од Војводина, а неговото локално значење е честење и гозба по успешно завршена работа.