Стефан Николовски е првиот македонски стенд-ап комичар кој сам ја наполни „Борис Трајковски“

Комичарот Стефан Николовски станува еден од најголемите феномени на домашната забавна сцена, барем според бројките. Првата арена „Борис Трајковски“ е распродадена. Втората е пред распродажба.

На 12 и 13 декември, Скопје ќе биде домаќин на настан кој уште пред да се случи, веќе испишува историја. За првпат македонски стенд-ап комичар влегува во најголемата арена во државата со сопствен спектакл. И наместо една вечер, поради огромниот интерес на публиката, закажани се две вечери.

Она што започна како храбра најава за еден голем проект, прерасна во вистинска еуфорија. Билетите за првиот датум исчезнаа во рекордно време, вториот беше најавен на барање на публиката, а сега и за него остануваат сè помалку слободни места. И тука веќе не зборуваме само за успех на еден комичар. Зборуваме за пресвртница за македонскиот стенд-ап.

Со години арените беа резервирани за големите музички имиња и најголемите концертни продукции. Овој декември, Стефан Николовски ќе покаже дека и домашниот хумор има публика, сила и капацитет да ги освои истите тие простори. И тоа е можеби најголемата победа на целата оваа приказна.

Македонската публика не чекаше да види како ќе изгледа првиот ваков спектакл за да одлучи дали вреди да биде дел од него. Таа однапред ја даде својата доверба. Со распродадена прва вечер и втора која оди по истиот пат.

На 12 и 13 декември, илјадници луѓе од цела Македонија ќе се соберат во Т арената „Борис Трајковски“ за две вечери кои имаат сите предуслови да постават нови стандарди во домашната забавна индустрија.

Првата арена е веќе историја. Втората е на чекор до истиот резултат. И ако нешто е сигурно, тоа е дека по овој декември, за македонскиот стенд-ап ќе се зборува поинаку.

Билетите за 13 декември се достапни на kupikarta.com.