Пројчевски: „Живееме во време на ултра феминизам“

Народниот театар – Битола ја денеска ја најави премиерата на претставата „Татко“ по текст на Август Стриндберг, а во режија на Благој Мицевски. Главната улога во претставата ја игра Петар Горко, а покрај него настапуваат и Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска – Илиевска, Живко Борисовски, Соња Михајлова и Никола Пројчевски.

„Фасцинантно ми беше во текстот што овој човек, кога живеел, се занимавал со таткото, а не со мајката. Ние живееме во време кога сите филмски платформи сега се занимаваат со жената, затоа што живееме во време, можеби е потребно да живееме во време на ултра феминизам. Дури и еден филм „Источно од рајот“, сега серијал на Netflix, една жена која е олицетворение на злото, на крајот се обидуваа да ја прикажат дека е таква поради мажите во нејзиниот живот. Еве, во оваа претстава не е така.“ – вели пројчевски.

Пројчевски, кој и самиот е родител се осврна на татковството од еден не толку разговоран аспект.

„Многу ми е драго што во претставата се отвораат проблемите на еден татко, а не проблеми кои доаѓаат од некоја жена. Јас, на пример, сега се прашувам дали едно дете, затоа што и јас сум имал такво чувство, ја сака повеќе мајката. На пример, ако го прашаат моето дете дали би ја избрало мајка му или мене, ако некогаш треба, и проклетството зошто треба со мајка му да избере. Кога јас правам сè. Ликот на Петар Горко, на таткото, во еден момент вели: „Зошто да заминат? Зошто ние да немаме право да одлучиме? Ние кои толку многу ги сакаме.“ Сака да каже дека ги сакаме еднакво како и мајката, ама на Netflix ќе биде прикажано дека таа го родила, го носела девет месеци во утробата, го чувствувала, срцето ѝ чукало со него.