На 16 и 17 ноември, во Public Room, Здружението за културно-уметничко и едукативно дејствување „Штрих“ слави пет години исполнети со премиери, гостувања, промоции, проекти, фестивали и, пред сѐ, неуморна борба.
На 16 ноември од 20.00 часот е закажана изведба на претставата „Првиот македонец во вселената“ во режија на Борис Василески.
На 17 ноември од 19.00 часот ќе се одржи промоција на новото издание „Лифт. Време за забава. Еден вид Алјаска“ од Харолд Пинтер во превод на Марио Стојаноски. За изданието ќе зборуваат режисерите Шенај Мандак, Александар Ивановски и Борис Василески, како и преведувачот.
А од 21:00 часот следува уште една изведба на „Првиот македонец во вселената“.
Влезниците се во продажба на tix.mk.