Младиот македонски пејач Јанг Дади, деновиве ја промовираше својата нова песна „Екс ју“. Тој е автор на музиката и текстот, а во делниците на соло гитара му гостува Сеад Липовача – Зеле, фронтмен на култниот хард-рок состав „Дивље Јагоде“.
Во спотот се појавува и манекенката Катарина Ивановска покрај препознатливата југословенска архитектура и неизбежната лада.
Јанг Дади на 30 декември ќе одржи голем солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во организација на Авалон продукција, чија етикета го издаде и овој сингл.