Дац и Александар ја преработија „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ во чест на 80. роденден на Славе Димитров

Дац и Александар денеска точно на пладне премиерно ја пуштија во етерот нивната преработка на познатата „Ѕма, Ѕма, Ѕм“. Како нивна музичка посвета за 80. роденден на Славе Димитров.

Хитот од 1978 година во ново руво го продуциаше синот на Славе, Дарко Димитров. Музиката на овој хит е на Славе Димитров, текстот е на Иван Карадак а оригинално е изведена од групата „Македонија“ на Скопскиот фестивал во 1978 година. Придружни вокали во новата верзија се Маја Гроздановска Панчева и Билјана Ѓошева.

Видеоспотот кој ја прати преработката спојува снимени сцени со изведувачите и AI-визуелни решенија во бајковита филмска кабаре-приказна.