За новогодишната претстава „Зимска бајка“ во продукција на Народен Театар – Охрид, а по текст и режија на Ирена Стеријовска, се бара Детето под среќна ѕвезда.
Аудицијате е наменета за деца од 7 до 12 години а ќе се оддржи на 7.11.2026, сабота, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток од 11 часот.
Заинтересираните да се пријават на следниов е-маил: tinat.petreska@gmail.com
Избраната кандидатка/кандидат ќе помине едномесечен процес со професионалниот ансамбл во подготовка на претставата, до премиерната и репризните изведби.
Дојди на аудиција. Можеби токму ти, си детето под среќна ѕвезда.