Шест театарски претстави од Црна Гора и регионот ќе бидат дел од натпреварувачката програма на фестивалот на камерни драмски остварувања – „Макадо“ во Подгорица, Црна Гора. Меѓу нив се најде и македонската монодрама „Фетишист“ на актерот Здравко Стојмиров.
На 4 ноември ќе биде изведена монодрамата „Фетишист“ адаптирана според расказ на Мишел Турние, а во изведба на самиот Стојмиров. Преку спој на хумористични и потресни моменти, ова дело претставува интимна исповед на човек кој се соочува со сопствената сексуалност и необична судбина, покренувајќи прашања за самооткривањето, прифаќањето и односот на поединецот кон општеството.
Сите изведби ќе се одржат во салата „Додест“ на Културниот центар „Будо Томовиќ“ со почеток во 20:00 часот.