На 16 октомври во 18:00 часот, Народниот театар Битола гостува со „Кориолан“ од Вилијам Шекспир на јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“ во Бјалисток, Полска.
По гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда, „Кориолан“ продолжува да ја шири својата приказна пред меѓународната публика.
Претставата е во режија и адаптација на Џон Блондел. Современата адаптација на трагедијата на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска.