Во Битолски театар започнаа пробите за претставата „Татко“

Во Народен театар – Битола денеска започнаа пробите за претставата „Татко“ во режија на Благој Мицевски.

„Таткото“ е натуралистичка трагедија од шведскиот драмски писател Август Стриндберг, напишана во 1887 година. Во драмата, Стриндберг го обработува прашањето на односот меѓу мажите и жените, искажувајќи ги своите погледи за непомирливиот судир меѓу половите и за негативното влијание на жените врз животот на мажите. Притоа, во голем мера, ваквите гледишта на Стриндберг биле поврзани со неговото лично искуство – неговите три неуспешни брака, исполнети со обвинувања кон сопругите, кои кај него создале омраза кон жените, воопшто.

Во претставата играат: Соња Михајлова, Петар Горко, Живко Борисовски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска – Дранговска и Сандра Грибовска.

Премиерата е закажана за 7 ноември.