Софија Ристевска со претстава по текст на Билјана Крајчевска во театарот во Трговиште

Режисерката Софија Ристевска – Петрушева изминатиов месец работи во Драмскиот театар во Трговиште, Бугарија. Таа ја режира претстава „Каде е твојата жена кога ја нема“ по текст на Билјана Крајчевска. Препознатливот тандем режисер-драматург кој функционира со години, својата премиера ќе ја има на 17 септември.

Се работи за претстава што ја истражува човечката природа, емоционалните искуства и внатрешните противречности. Менопаузата, семејната динамика, личните односи, кариерата, родителството се главните теми врз кои е структурирана приказната. Меѓучовечките односи се испитуваат низ призмата на менталното здравје, осаменоста и отуѓеноста. Жените се стремат да се разберат себеси и другите, истовремено соочувајќи се со сопствените стравови и желби. Во претставата, личното и интимното се испреплетени со комичното, болното и апсурдното. Се поставуваат значајни прашања поврзани со интимноста, сексуалноста, потребата од љубов и човечката осаменост. Длабоки емоционални конфликти се откриваат зад навидум обични ситуации. Претставата покажува колку може да биде тешко за една личност да биде искрена и со себе и со оние блиски до неа. Претставата е интимна и универзална приказна за човечката природа и потребата од љубов.

Ова е дело што го провоцира гледачот да се насмевне, да размисли и да препознае дел од себе во ликовите.

Во претставата специјално учествува Маја Бежанска а во улогите се и Грета Неделчева, Ивана Стојанова, Лаура Апостолова и Михаил Трендафилов.