Тетовскиот театар ќе учествува на Фестивал на комедијата во Сува Река, Косово

На 12 септември, Тетовскиот театар ќе учествува на Фестивалот на комедијата во Сува Река, Република Косово, со претставата „Драма за смеење“, во режија на Сулејман Рушити.

Дејството на претставата се одвива во театар, каде што преку постмодерна адаптација треба да оживеат ликовите на Шекспир. Низ комични и неочекувани ситуации се обработуваат односите меѓу актерите, вработените во театарот, публиката и власта, како и предизвиците со кои се соочуваат уметниците.

„Драма за смеење“ го спојува хуморот со ситуации од секојдневниот живот, прикажувајќи ги човечките и општествените односи низ театарската сцена.

Во претставата настапуваат: Арсим Калеци, Шеќерие Илази, Петрит Незири, Ермал Чанга, Арта Зејнели, Елмир Сејфулаи, Сами Мустафа, Абдула Османи, Беким Јахиу, Линда Шабани и Хасим Мемиши Сопи.