Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Сараево понесе вкупно 4 награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал.
Во официјална конкуренција “17“ ги доби наградите:
– СРЦЕ НА САРАЕВО ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА ЗА ЕВА КОСТИЌ. Според оценката на жирито, “Бестрашен влез на сцената на млада актерска надеж. Сурова, инстинктивна и длабоко инстинктивна изведба. Таа ја исполнува улогата со исклучителна емоционална искреност, најавувајќи доаѓање на актерка со редок и моќен глас“.
– СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ПРОМОЦИЈА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ЗА РЕЖИСЕРКАТА КОСАРА МИТИЌ.
Според оценката на жирито: „Овој мајсторски режиран филм не го штити гледачот од непријатност, прикажувајќи ја систематската занемареност и социјалната табу на сексуалната злоупотреба и траума на млади девојки. Суровата и клаустрофобична кинематографија ја става исклучително безбедната и разорна главна улога во центарот, додека ја доловува силната врска на женската солидарност. Тоа е последна критика на патријархалната токсичност“.
Дополнително, „17“ доби и уште 2 придружни фестивалски награди од Партнерите на фестивалот:
– CINEUROPA ЗА ПРОДУКЦИЈА.
Награда посветена на европската кинематографија и нејзините творци, за филмот „17“ кој, покрај тоа што несомнено поседува уметнички квалитети, ги промовира и идеите за европски дијалог и интеграција.
– НАГРАДА ОД ПУБЛИКАТА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ.
„32. издание на Сараевскиот Филмски фестивал има историско значење за македонската кинематографија. Со вкупно 4 освоени награди, од кои 2 во Официјална конкуренција, „17“ ја однесе до сега, најголемата победа за Македонија во Сараево. Верувам дека оценувачите на филмската уметност во Сараево успеаја да ја препознаат суштината и пораката. Наградите за „17“ значат потврда на досегашниот успех на филмот и секако, признание дека ова долгометражно дело создадено пред сѐ од млади луѓе, преку филмот отвори суштински важна тема“, изјави Томи Салковски, продуцент на „17“.