Тринаесеттиот Меѓународен фестивал на куклeн театар во Подгорица, Гора ќе се одржи од 2 до 5 септември, во КИЦ „Будо Томовиќ“, како дел од Подгоричкото културно лето.
Оваа година, на фестивалот учествуваат шест театри од шест земји: Бугарија, Бразил, Македонија, Италија, Србија и Црна Гора. Македонски учесник е НУ Албански театар за деца и младинци – Скопјe, со претставата „Басна со лисицата“
Учесници на фестивалот се и: Државен куклен театар Трговиште, Cia casa Passarinha од Сао Паоло, Театар Нина од Монополи, Италија, Театар за деца и младинци – Крагуевац, Србија и Културен центар Беране.
Претставите ќе бидат изведени во уште две општини, покрај Подгорица, во Зета и Тузи.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а наградите ќе ги доделува меѓународно стручно жири, како и детско жири, составено од ученици од основно училиште од Подгорица.