Монодрамата „Прво лице еднина“ учествува на INTERNATIONAL MONODRAMA FESTIVAL-DULSINEA во Улцињ, Црна Гора. На 21 август од 21 часот оваа претстава на Театар Куманово ќе биде дел од фестивалската програма.
Игра Владанка Крстевски а режијата е на Драгана Гунин.
Останатите учесници на програмата се од: Колумбија, Италија, Косово, Црна Гора, Ерменија, Хрватска и Србија.
Крстевски претходно оваа година учествуваше на фестивалот „Моно Акт“ во Приштина, Косово каде ја доби наградата за најдобра актерка.