По повод „Денот на македонските рудари“, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок.
На сцената доаѓаат две од најпрепознатливите имиња на домашната рок-сцена – групите„Меморија“ и „Ареа“*, со песни што обележаа генерации и звук што добро го познаваме.
Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник Бучим.
Локацијата е Паркинг „Орел“ со почеток од 21:00 со концерт на „Меморија“ кој ќе трае до 23 часот и од 23:00 часот „Ареа“. Влезот е слободен.