Хрватската пејачка Миа Димшиќ која минатата година сними дует со Влатко Стефановски, го претставува својот нов сингл „Dan koji se pamti“, од албумот „Negdje u ravnici“. Песната е посветена на легендата на славонската музика Крунослав Киќо Слабинац, кој ја отпеаа „Летај ми летај гулабе“ на „Макфест“.
Со албумот таа носи 12 преработки од нејзините омилени славонски песни. Ова е проект во кој таа оддава почит на музичкото наследство на Славонија, песните што го обележаа нејзиното воспитување и музичко патување.
Оригиналната песна „Dan koji se pamti“ за прв пат ја изведе Крунослав Киќо Слабинац. Издадена е во 1978 година на албумот „Pusti noćas svoje kose,“, а истата година премиерно е изведена на фестивалот во Опатија (Опатија ’78). Речиси половина век подоцна, Миа ѝ дава нов изглед, задржувајќи ја емотивноста и безвременскиот карактер на оригиналот.
Во песната се појавува Маја Баторек, долгогодишна пријателка и музички соработник на Миа. Тие две настапуваа заедно во акустичен дуо со години и свиреа во тамбуршки оркестар, споделувајќи бројни сцени и патувања што ги обележаа нивните музички почетоци.
„Dan koji se pamti“ е нашата посветa на Киќо Слабинац, мојот сограѓанин кој ги обележа овие простори со својата креативност, изглед и личност, но и градот во кој двајцата пораснавме и каде што јас самата ги направив моите први музички чекори. Токму затоа песната ја изведува со мене мојата пријателка Маја Баторек, со која долго време имав акустичен дуо пред мојата самостојна кариера и свирев во тамбуршки оркестар со кој патувавме во некои далечни делови од светот и на многу начини пораснавме. Иако нашите патишта подоцна целосно се разделија професионално, она што никогаш не се менува е нашето пријателство и заедничката љубов кон музиката, а сето ова резултираше со бројни денови што ќе се паметат засекогаш“, рече Миа.
Албумот спојува дванаесет внимателно одбрани славонски класици во нови аранжмани, комбинирајќи ја традицијата и современиот музички израз. Синглот „Dan koji se pamti“ е уште еден емотивен потсетник на богатото музичко наследство на Славонија, а воедно и искрена посветеност на еден од нејзините најголеми уметници – Крунослав Киќо Слабинац.