Сара Климоска во главното жири на Сараевскиот филмски фестивал

Жирито на Натпреварувачката програма – игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал ќе го сочинуваат актерката Емили Вотсон (претседател), режисерот Игор Безиновиќ, актерката Сара Климоска, директорот на Европската филмска академија Матијс Воутер Кнол и режисерката Атина Рејчел Цангари.

Вотсон се приклучува на богатото плејада филмаџии кои претседаваа со жирито на Сараевскиот филмски фестивал во претходните изданија: Mike Leigh (2004), Miki Manojlović (2005), Jasmila Žbanić (2006), Jeremy Irons (2007), Nuri Bilge Ceylan (2008), Mirjana Karanović (2009), Cristi Puiu (2010), Ari Folman (2011), Kornél Mundruczó (2012), Danis Tanović (2013), Béla Tarr (2014), Călin Peter Netzer (2015), Elia Suleiman (2016), Michel Franco (2017), Asghar Farhadi (2018), Ruben Östlund (2019), Michel Hazanavicius (2020), Jasna Đuričić (2021), Sebastian Meise (2022), Mia Wasikowska (2023), Paul Schrader (2024) i Sergei Loznitsa (2025).

Жирито ќе ги додели наградите „Срцето на Сараево“ во натпреварувачката програма – игран филм.

Победниците ќе бидат објавени во петок на 21 август на церемонијата на доделување на наградите.

Сара Климоска дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје и оттогаш изградила истакната кариера во домашни и меѓународни филмски и телевизиски проекти.

Нејзината најнова главна улога беше во филмот „Збогум, Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, чија премиера е закажано за 2026 година. Ова е нејзина трета соработка со наградуваниот режисер, по филмовите „Врба“ и „Кајмак“.

Нејзини значајни филмски заслуги вклучуваат „Никогаш нема да бидеш сам“ на Горан Столевски, чија премиера беше на Санденс, „Домаќинство за почетници“, која премиерно беше прикажана на Венецискиот филмски фестивал, „Преекспонирано“ од Елеонора Венинова и „Баук“ од Горан Радовановиќ. На меѓународната сцена, таа играше и улоги во филмовите „Нико“ од Елина Геринг, „Семејни тајни“ од Малик Витал и „Одговор“ од Џејсон Лестер.

Учествувала во програмите за таленти на Сараевскиот филмски фестивал и Берлинале. Во 2022 година, таа беше номинирана за наградата „Срце на Сараево“ за нејзината улога во телевизиската серија „Мочвара“. Една година претходно, таа ја доби награда за нејзината изведба во филмот „Лена и Владимир“ од режисерот Игор Алексов.

Покрај глумата, Климоска сè повеќе се посветува на режирање и пишување сценарија. Моментално го развива својот втор краток филм „Оковани“.