9 претстави селектирани за фестивалот „Ристо Шишков“

Селекторот на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, режисерот Љупчо Ѓоргиевки ја објави селекцијата за овогодинешното фестивалско издание.

Фестивалското жири ќе биде во состав: Билјана Драгичевиќ – Пројковска – актерка, Иван Додовски – професор и Билјана Ѓуровиќ – професор од Србија. Пројковска е во жирито како минатогодинешен лауерат а во програмата која ќе ја оценува се наоѓаат две претстави во режија на нејзиниот сопруг режисерот Дејан Пројковски.

НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА

1.„БОГ НА КОЛЕЖОТ“ од Јасмина Реза, адаптација и режија Весна Петрушевска – МНТ – Скопје. (копродукција)

2. „ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА“ од Даниел Глатауер, режија Димче Николовски – Драмски театар– Скопје.

3.„ЦРНИЛА“ од Коле Чашуле, режија Дејан Пројковски – НУЦК Војдан Чернодрински – Прилеп.

4. „ЕДМОНД“ од Дејвид Мамет, режија Оливер Мицевски – Народен Театар Битола.

5. „АННА“ од Драгана Лукан Николоски, режија Нина Николиќ – Театар Комедија – Скопје. (копродукција)

6. „ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА“ од Ристо Крле, режија Андреј Цветановски – НУЦК Григор Прличев – Охрид.

7. „Љубовни писма“ (Love Letters) автор Алберт Рамсдел Гарни

Игор Ангелов и Верица Недеска

МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА

8.„УННА“ од Стеван Копривица (според романот на Момо Капор) режија Дејан Пројковски – Звездара Театар – Белград. Република Србија

9. ДРАМСКИ КУКЛЕН ТЕАТАР – СИЛИСТРА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

,,ПОВИК ЗА ЉУБОВ,, од Жозаин Баласко реж. Анастас Попдимитров

Во придружната програма е изложба на фотографии од Ристо Шишков во соработка со Театар Комедија – Скопје како и четири живи фигури – акти поставени низ градот и фоајето.