Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо сподели со јавноста датум и време на последното испраќање на Јаневски.
Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел.