Вокалите Веда Мавровска и Ана Анѓелевска со Теодор Прчков на гитара, Лука Куновски на бас гитара и Карло Чеваповиќ на тапани речиси една година свират во составот наречен „5 без 5“. Тие во август ќе одбележат и една година од своето настапување под ова име.
Тие синоќа настапуваа на 26. издание на фестивалот „Празник на музиката – Солстис“. А нивната изведба на „Не сум твој тип“ беше препознаена и од самите „Дупер“.

Целиот состав потекна од училишните клупи на гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – Битола каде редовно настапува на сите училишни свечености и настани.
„5 без 5“ месецов веќе го имаа својот прв настап во Крушево а изминатиов период редовно настапуваат во неколку битолски локали. Месецов имаат закажан настап на 27 јуни а за јули најавуваат соработка со уште еден битолски состав.