Третото издание на обновениот регионален музички фестивал „Бисер Јадрана“ ги објави финалистите кои ќе настапат на овогодинешното фестивалско издание во Тиват.
По конкурс кој траеше три месеци и пристигнаа 164 апликации, на сцената на 18 јули ќе се претстават два македонски артисти кои се најдоа помеѓу избраните 25.
Ана Петановска ќе настапи со дуетот „Под ногама“ со поранешната членка на „Фрајле“, Наташа Михајловиќ. Освен Ана оваа година настапува и кумановецот Мартинијан Кириловски.
Таа минатата година победи на фестивалот во дует со Дадо Топиќ со песната „Небо“, чија музика ја напиша Григор Копров , текстот беше на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.