Сара Спиркоска Костадиновска со втора награда за најдобра млада актерка на МТФ „Војдан Чернодрински“

На 60-тото, јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, актерката Сара Спиркоска Костадиновска настапи со три различни сценски остварувања и ја освои наградата за најдобра млада актерка за Неда во „Црнила“ – Дејан Пројковски (Народен театар „Војдан Чернодрински“).

Нејзиното фестивалско учество опфати разновидни улоги и различни театарски естетики, што дополнително ја истакна нејзината актерска флексибилност и способност за трансформација.

Таа истакнува дека токму разновидноста на процесите е клучна за нејзиниот актерски развој, бидејќи овозможува постојано преиспитување и уметничка адаптација.

„Актерството за мене е постојано движење – како театарски маратон без финална линија“, вели Костадиновска.