Жирито на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во состав Снежана Коневска – Руси, Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ донесе одлука наградите на ова фестивалско издание да припаднат на:
- Награда за рекламен материјал – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
- Награда за кореографија и сценски движења – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
- Награда за музика „Филип Стевановски“ – Ирена Поповиќ – Драговиќ за „Страв и Надеж“ на Македонски народен театар
- Награда за костимографија – Марија Пупучевска за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
- Награда за сценографија – Валентин Светозарев за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
- Награда за современа сценска драматизација и адаптација – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
- Награда за современ драмски текст – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
- Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ – Јеткаин Сезаир за улогата во „Амадеус“ на НУ Турски театар
- Награда за млада актерка – Сара Спиркоска за улогата во „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
- Награда за женска епизодна улога – Билјана Драгичевиќ – Пројковска за улогата во „Мачкина глава“ на Драмски театар.
- Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ – Александар Степанулески за улогата во „Мачкина глава“ на Драмски театар.
- Награда за главна женска улога – Слаѓана Вујошевиќ за улогата во „Амадеус“ на НУ Турски театар
- Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ – Димитар Ѓоргиевски за улогата во „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
- Награда за режија – Дејан Пројковски за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
- Награда за уметничко остварување на претстава во целина – „Страв и Надеж“ на Македонски народен театар