Галерија: Лазаров ги награди најдобрите од македонската естрада и шоубизнис

Најпознатиот македонски инфлуенсер – Стефан Лазаров, синоќа во Скопје беше домаќин на второто издание на своите Lazarov Awards. Едночасовен црвен тепих на кој продефилираа бројни познати личности од македонската естрада и шоубизнис со тричасовната програма во живо со сигурност се настан на неделата и месецот кој само што започна.

Што ја очекуваше македонската естрада и YouTube гледачите на Лазаров, разговаравме со него непосредно пред почетокот на програмата во живо.

@kultura24.mk

Стефан Лазаров ексклузивно пред Lazarov Awards #lazarov #lazarovawards #stefanlazarov @Stefan Lazarov

♬ Manifestation – Perfect, so dystopian

На црвениот тепих видовме стотина познати ликови од светот на музиката, културата, телевизијата и социјалните мрежи. Помеѓу останатите на црвениот тепих и овогодинешното издание на Lazarov awards беа: Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Благица Павловска, 2Бона, Лозано, Игор Џамбазов, Таско, Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Октај Сејдиу, Јана Бурческа, Тино Костадиновски, Миа Костова, Адриан Азири, Пајак, Маријана Станојковска, Young Dadi и многу други.

@kultura24.mk

Тамара Тодевска на црвениот тепих на Lazarov Awards за новиот сингл и дуетот со Тијана #lazarovawards #stefanlazarov #tijanadapcevic #tamaratodevska

♬ original sound – Kultura24.mk
@kultura24.mk

@Young Dadi за големиот концерт во СЦ Јане Сандански и виралната Лидија #lazarovawards #stefanlazarov #lazarov #youngdadi #lidija

♬ Model Walk – Mikz Moments

Повод на вечерта секако беа наградите кои по втор се доделуваат а за дел од нив гласаше и самата публика. Така херои на годината се СОС детско село, награда за талент без граници доби Тамара Тодевска, travel influencer на годината е Финн Германецот, спортист на годината е Дарио Ивановски, претстава на годината е „Аматери“ на Театар Комедија, талент на декадата е Антониа Гиговска, фолк изведувач на годината е Влатко Миладиноски, момците од „Дупер“ се бенд на годината а за „Може, може“ добија и награда за хит на годината.

Со награди дома заминаа и: Young Dadi кој доби награда за хит на годината на млад изведувач, Лозано за концерт на годината, Тино и Атанас за стенд ап на годината, Стефан Николовски за YouTube проект на годината, Марко Пејчиноски за спортски подвиг на годината, Миа Костова за инфлуенсер на годината а ДваБона со награда за артисти на годината.

Во рамки на настанот заврши и се избра добитникот на главната награда од подарувањето кое Лазаров го организираше во пресрет на настанот. А присутните и гледачите во живо ги видоа и резултатите од обновата на домот на семејството од Куманово.

ЦЕЛАТА ГАЛЕРИЈА ОД ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА FACEBOOK СТРАНАТА НА КУЛТУРА24