Оркестарот DIVA на 28 мај во Центарот за култура – Битола ќе одржи хуманитарен концерт под насловот „Ноти со мисија“. Целта на концертот е собирање средства за опремување на инклузивна соба во ООУ „Климент Охридски“ Битола, во соработка со здружението „Невроразлични“.
„Понекогаш музиката има многу поголема цел од сцената. Овој пат, ние застануваме зад една важна и хумана иницијатива.“ – велат тие.
Сите членови на оркестарот и изведувачите ќе настапат без никаков надомест, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети за создавање простор кој ќе значи поддршка, разбирање и подобри услови за децата на кои тоа им е потребно.
Овој концерт е можност заедно да направиме нешто вистински важно. За децата. За училиштето. За Битола. За една поинклузивна заедница.
Цената на билетот е 500 денари. Со секој купен билет, вие подарувате поддршка, внимание и подобри услови за децата. Билети во продажба на yournextevent.info и во Тобако Димпо.