„Бит(о)лси“ идат: Концерт на Битолскиот дувачки оркестар посветен на „Битлси“

Битолскиот дувачки оркестар најавува концерт посветен на легендарните „Битлси“ со наслов „ALL YOU NEED IS…БИТ(О)ЛСИ”. Концертот ќе се одржи на 20 мај во 20 часот во Центар за култура – Битола.

Специјални гости ќе бидат: Бранислав Николов („Фолтин“), Сашо Паркет („Паркети“) и Горан Петков. Водител на концертот ќе биде актерот од Драмски театар – Скопје, Рубенс Муратовски.

Дувачкиот оркестар на овој концерт продолжува соработката и поддршката од Државното музичко училиште – Битола.

Вечер исполнета со легендарни хитови, силна енергија и магијата на The Beatles – како што досега не сте ги слушнале! 

Влезници по цена од 400 денари можете да набавите на билетарницата во Центар за култура – Битола, од сабота 16.05.2026 од 16:00 до 21:00 часот.