Режисерот и драматург Сашо Миленковски, сценографот Љубомир Чадиковски од Театар за деца и младинци заедно со актерите Атила Клинче од Турски театар и Веби Ќерими од Албанскиот театар се добитници на наградата за животно дело на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Советот на фестивалот одлучил оваа година поради јубилејот да се доделат четири вакви награди.
Наградите ќе бидат доделени на отворањето на фестивалот на 5 јуни во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.