Тифа го објави долгоочекуваниот спот за својот емотивен сингл (Видео)

Младен Војичиќ – Тифа го објави спотот за неговиот сингл со интригантниот наслов „Расплеле се косе Босне“, издаден под покровителство на издавачката куќа Хит Рекордс.

Наслов кој не открива сè, но ветува многу, со силна емоција и препознатливиот потпис на стилот и интерпретацијата на Тифа, и одличен аранжман кој го носи печатот на врвни автори и искусни музичари.

Сето погоре наведено резултираше со музичко дело за кое веруваме дека ќе остави трага на етерот, а воедно ќе го најде патот до срцата на слушателите.

Со овој сингл, Младен Војичиќ – Тифа ја продолжува својата богата музичка приказна, останувајќи верен на автентичниот израз што публиката го препознава и го сака.

Ова е неговиот втор сингл во поново време, во ноември 2025 година ја издаде песната „Анџео у паклу“.