„Џег Хамлет“, „Поштарот на Неруда“ и „Животот нема наслов“ на Фестивалот на монодрама

Вториот фестивалски ден од 27. издание на Интернационалниот фестивал од монодрама ги донесе првите три претстави во официјалната програма на фестивалот.

На големата сцена на НУ Центар за култура – Битола прва се одигра претставата „Џег Хамлет“ на Номадскиот театар од Казахстан а во режија на Дени Денис од Данска, кој воедно е и актер.

На Нова сцена, се играше монодрамата „Поштарот на Неруда“ на театарот „Магичен тим“ од Египет со актерот Ахмед Јехија Махмуд, кој воедно го адаптираше и текстот.

На новата Бар-сцена, прва заигра Енџи Николовска со продукцијата „Авангарт“ а со монодрамата „Животот нема наслов“ од авторката Кристина Краличин а во режија на Војо Цветановски.

Денеска (25.04) на програмата се монодрама од Романија во 18.30 часот на Голема сцена, македонската монодрама „Кротка“ на Нова сцена од 20.00 часот и „Човечкиот глас“ од Чешка во 21.30 часот на Бар-сцена.