Gin Lane Festival се враќа со своето четврто издание на 5 јуни – уникатен спој на музички фестивал и фестивал за дегустација на џин, коктели и внимателно селектирани пијалаци.
„Традиционално започнуваме на зајдисонце, на rooftop платото на Skopje City Mall во 19:00 часот, каде покривот ќе биде претворен во урбана фестивалска зона со изложбени штандови, gin барови, освежителни коктели и premium искуства.“ – велат организаторите.
Зајдисонцето ќе го дочекаме со музичко изненадување, потоа на сцената ќе се појави омилениот македонски кавер бенд The Ringtones, а вечерта кулминира со Vanna – хрватската поп дива и еден од најмоќните вокали во регионот, за прв пат во Македонија на фестивалски rooftop концерт.
Карти во продажба на bepay.mk