Ален Славица повторно со концерт во Битола

На 9 јули, театарот на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис во Битола, повторно ќе настапи легендарниот Ален Славица.

Со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во неговите најголеми хитови, препознатливиот вокал и искрената емоција која ја носи на сцената.

Славица кој воениот рок го служеше токму во битолската касарна, минатата година беше гостин на концертот по повод 45 години од основањето на групата „Гром“. Токму тие повторно ќе му бидат гости на Славица.