Оркестар DIVA најавува голем концерт под насловот „Д бест оф Битола“. за 3 јули.
„За 3 јули секогаш се врзуваат убави настани поврзани со Оркестар DIVA. Токму на 3 јули беше возобновен оркестарот и беше одржан првиот концерт во Пациото со „ За Моја Битола“ во 2013 година. Оттогаш па наваму, овој датум како да стана симбол на една убава приказна, во која се нижеа голем број концерти и проекти, не само во Битола, туку и надвор од градот и надвор од Македонија. А токму на 3 јули 2024 година, за првпат го одржавме и големиот концерт на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.“ – велат од оркестарот.
Оваа година, на овој датум за првпат ќе се одржи големиот концерт „Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“, еден вистински локалпатриотски проект кој на едно место ќе ги собере најдобрите битолски бендови и тоа „Чоканче“, „Паркети“, „Brass Brothers“, „CODE369“ (Памперс), „Гром“, Бранислав Николов од Фолтин. Тие заедно со Оркестар DIVA ќе создадат вечер посветена на битолската музичка енергија, на градот и на луѓето што со години ја градат неговата културна приказна.
Како и нивните претходни големи музички настани, и оваа вечер нема да заврши со последната оркестарска нота. Концертот ќе биде заокружен со настап на диџеи, а овојпат тоа ќе бидат битолски диџеи, чии имиња ќе бидат дополнително објавени.
Карти во продажба по промотивна цена од 400 денари до 10.05.2026 на yournextevent.info.