Elvis Presley Tribute Night ќе се одржи следниот месец во Битола и Охрид. Незаборавна вечер со најголемите хитови на легендарниот Елвис Присли е закажана за 14 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ и на 15 Мај во НУ Центар за култура – Битола.
Спектакуларниот трибјут настап посветен на кралот на рокенролот го изведува составот Troublemakers од Србија.
Влезниците се пуштени во продажба онлајн на ticketx.com.mk, како и во продажната мрежа на TicketX низ Македонија.