Warner Bros учествуваше на новото издание на CinemaCon во Лас Вегас, каде што ги претстави претстојните филмски проекти, вклучувајќи го и „Господарот на прстените: Ловот на Голум“.
Премиерата на новиот дел од популарната франшиза базирана на книгите на Џ. Р. Р. Толкин е закажана за 17 декември 2027 година, а режиjata, како и улогата на Голум, му се доверени на Енди Серкис.
Иан Мекелен се враќа како Гандалф, Елајџа Вуд ја повторува улогата на Фродо Багинс, додека Ли Пејс ја повторува улогата на Трандуил. Ќе им се придружат нови лица: Кејт Винслет како Маригол и Лео Вудал како Халвард. Џејми Дорнан ќе го игра Страјдер, за кого подоцна се открива дека е Арагорн во оригиналниот роман, пишува „Варајати“.
Филмот ќе ја следи потрагата по Голум во годините што доведоа до првиот дел од трилогијата „Дружината на прстенот“. На оригиналните сценаристи на трилогијата, Френ Волш и Филипа Бојенс, им се придружуваат Фиби Гитинс и Арти Папаџоргиу во новата адаптација.
Толкин првично ја напиша трилогијата „Господар на прстените“ во 1950-тите, по успехот на „Хобитот“ во 1937 година. Питер Џексон го адаптираше „Господар на прстените“ во три филма во 2001, 2002 и 2003 година, а подоцна го разви „Хобитот“ во посебна трилогија (2012, 2013, 2014).
Оригиналните филмови беа пресвртници во кино благајните заработувајќи речиси три милијарди долари низ целиот свет и освојувајќи 17 награди „Оскар“. Третиот филм „Враќањето на кралот“ ја освои наградата за најдобар филм во 2004 година, заедно со рекордни 11 Оскари.
Улогата на Голум од страна играна од страна на Серкис во вториот и третиот дел беше револуционерен за технологијата за снимање на движење, воведувајќи иновативни дигитални ефекти. Тој ја повтори улогата во првиот филм од трилогијата „Хобит“ во 2012 година.
„Њу лајн синема“ веќе се врати во Средната земја во 2024 година, објавувајќи го анимираниот филм „Господарот на прстените: Војната на Рохирим“. Во меѓувреме, „Амазон-МГМ“ ги адаптира и делата на Толкин според сопствен договор и моментално работи на третата сезона од „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“ за „Амазон Прајм Видео“.